Јавни презентации и јавни анкети за урбанистички плански документации
Општина Крушево објавува Соопштенија за организирање на јавни презентации и јавни анкети за:
1. Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со намена Е2 – градби за производство на енергија, термо електрична централа за производство на електрична енергија од био маса на КП 1472/13, КО Алданци, Општина Крушево и,
2. Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со намена Е2 – градби за производство на енергија, термо електрична централа за производство на електрична енергија од био маса на КП 1472/14, КО Алданци, Општина Крушево.
Јавната анкета се организира во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на Општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 14:30 часот, а ќе трае 7 работни дена, почнувајќи од 25.03.2021 година до 02.04.2021 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем „Е – урбанизам“.
Локалната урбанистичка планска документација ќе биде истакната во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево. Заинтересираните лица во предвидениот рок на анкетните листови ќе можат да ги дадат своите забелешки и предлози. Анкетните листови можат да се подигнат во канцеларија број 23 секој работен ден од 08:00 до 14:30 часот.
Во прилог преземете ги Соопштенијата, анкетните листови како и скица од плановите