Опасен отпад не се собира, општината е отворена за сите прашања
Почитувани,
Партијата ВМРО ДПМНЕ со огранок во Крушево изминатите денови излезе со обвинување дека градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски не одговара на советничко прашање за евентуално складирање на опасен и недоволен отпад на градската депонија. Преку оваа соопштение сакаме да ги информираме граѓаните и да ја потсетиме партијата дека општината има одговорено на ова прашање, а на градската депонија не се складира опасен отпад од компанијата Еуропрофил.
На 31.01.2020 година ЈП „Комуна“ до совет на општина Крушево испратила одговор дека не сескладира опасен отпад од ЕУРОПРОФИЛ – Алданци како одговор на советничко прашање. ЈП „Комуна“ од Државниот инспекторат за животна средина на 28.10.2019 година добило решение за отстранување на опасен отпад по што е веднаш постапено.
Она за што сакаме да ги информираме граѓаните дека ваков опасен отпад свесно се собирал и складирал на депонијата во 2014, 2015, 2016 и 2017 година. За овој период граѓаните на Крушево не знаеле каков воздух дишат како резултат на ваквиот тип на отпади. Исто така, граѓаните треба да знаат дека тогаш свесно се складирал ваков отпад и покрај опасностите.
Почитувани,
Општина Крушево важи за една од најтранспарентните општини, а кога се работи за здравјето на граѓаните нема дискусија во однос на тоа што треба да се преземе.
Со почит.