Во Крушево се отвора пункт за тестирање за Ковид-19
Во здравствениот дом во Крушево ќе се започне со тестирање благодарение на тестовите обезбедени преку Министерство за здравството.
Здравствениот дом денеска објави дека за многу скоро ќе се започне со тестирање, а граѓаните ќе можат да закажуваат тестирање преку матичните лекари.
„Благодарение на донацијата од Министерството за здравство, во најскоро време ЈЗУ Здравствен Дом Крушево ќе врши тестирања за COVID 19. Тестирањата ќе се прават преку Мој Термин со закажување од матичниот лекар.“, велат од здравствен дом Крушево
За градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ова е уште еден важен чекор во насока на справување со вирусот.
„Министерството за здравство овозможува тестирање и во Крушево. Со тоа сите граѓани на општина Крушево ќе имаат во секое време термини за тестирање и нема да мора да одат во соседните општини за да се тестираат. Овој чекор сериозно ќе ја олесни работата на матичните лекари, здравствениот дом и ќе им се олесни на граѓаните во тие тешки моменти кога се сомневаат и покажуваат симптоми и се упатуваат од матичните на тестирање“, изјави градоначалникот Христоски.