Поделени 300 маски, заштитна опрема за најранливите групи
Денес општина Крушево подели 300 маски на случајни минувачи во центарот на Крушево. Оваа активност е дел од обезбедувањето основна заштитна опрема на граѓаните на општина Крушево.
„Поделивме околу 300 маски, претежно на пензионери кои започнаа со подигање на пензиите. Пензионерите се најранливата група на граѓани во однос на коронавирусот и затоа одлучивме нив да ги адресираме со оваа активност. Ќе продолжиме и во наредните денови.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Претходно општина Крушево обзбеди маски за вработените на јавните институции и во неколку наврати ги дезинфицираше истите. Општината продолжува со активности за спречување на ширењето на коронавирусот.
Маските се обезбедени преку донација од турска компанија.