Канцелариска опрема за општина Крушево
Македонскиот центар за меѓународна соработка со средства од Филип Морис во соработка со трите тутунски компании Сокотаб, Алајанс уан (Alliance One) и Тутунски комбинат Прилеп донираа канцелариска опрема на општина Крушево.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски се заблагодари на претставниците од МЦМС за донацијата која ќе помогне многу на општина Крушево.
„Ја продолжуваме соработката со МЦМС и овие компании со цел унапредување на логистичките услови на општината. Оваа опрема ќе помогне на образованието, општината и секаде каде што ќе процениме дека има потреба. Голема благодарност!“, изјави градоначалникот Христоски.