Отпочнува процес на консултација со граѓани за приоритети во патната инфраструктура
Со средства од Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија ќе ја унапредува патната инфраструктура.
Проектот се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка.
Согласно Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за алоцирање на средства од договорот за заем за „Проект за поврзување на локални патишта“, Сл. Весник на Р.Северна Македонија бр. 33/2020 од 10.02.2020 година, за Општина Крушево се алоцирани средства во вкупен износ од 617.295,45 ЕВРА.
Општина Крушево, исто така, ќе отпочне процес на јавни консултација за имплементирање на приоритетни проекти од патната инфраструктура кои ќе се финансираат со средства од погоренаведениот Проект. За таа цел, сите граѓани на општина Крушево свои коментари, поплаки и предлози можат да доставуваат на неколку начини до задолжено лице за комуникација.
Вашите коментари испраќајте ги наследниве начини:
Одговорно лице: Васил Јошески
Работна позиција: Раководител на одделение за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина
Контакт телефон: 075 453 708
Контакт електорнска пошта: urbanizamkrusevo@yahoo.com, mitulja@yahoo.com
Официјална Фејсбук страница: клик тука