Средба со граѓани секој четврток од 10 до 13 часот

Почитувани,

Граѓаните знаат од лични искуства дека секогаш сум отворен со нив и се сретнувам со секој кој што ме побарал за било каква потреба. Впрочем, тоа е и работата на еден градоначалник. Секој ден се сретнувам со граѓани во мојот кабинетот и секогаш внимавајќи на почитување на сите мерки за спречување од ширење на коронавирусот.

Но, во насока да обезбедиме уште поголема заштита како и ефикасна работа на општинската администрација од денес па во иднина со странки ќе се сретнувам секој четврток, исклучиво, од 10 до 13 часот. За итните потреби на граѓаните овој термин може да биде прекршен, но во сечиј интерес ќе биде ваквата пракса.

Ви благодарам на разбирањето и продолжуваме заеднички да работиме за подобро Крушево.

Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.