Да бидеме одговорни, обврските кон општината мора да се подмируваат

Почитувани сограѓани,

Доколку сакаме да продолжиме со реализација на проекти и да ги решаваме проблемите, како граѓани на општина Крушево мораме да ги подмируваме нашите обврски. Општината мора да ги реализира своите приходи за да може да учествува во реализација на проекти и да биде финансиски компетентна при аплицирањето за инфраструктурни зафати.

Една од давачките кон општините е данокот на имот кој сите ние како граѓани сме обврзани да го плаќаме. Како граѓани, мора да покажеме одговорност и свесност за оваа давачка и да знаеме дека општината оперира со мал буџет и сите средства се нопходни. Ова е уште поважно во време кога се реализираат историски проекти како што е во изминатите речиси 3 години.

Апелирам данокот на имот, но и сите други давачки, навремено да се подмируваат, во спротивно локалната самоуправа ќе биде принудена да преземе ригорозни мерки за овие обврски да се реализираат и ќе пристапиме кон извршување за неплаќање.

Почитувани,

Ви благодарам на разбирањето и Ве повикувам да бидеме одговорни и заедно да продолжиме да ја градиме општина Крушево.

Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.