Крушево ја продлабочува соработката со Грција, средба Христоски и Грчкиот конзул Ракинас
Градоначалник на општина Крушево Томе Христоски одржа средба со конзулот на Република Грција господинот Акилес Ракинас.
![](https://krusevo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/grcki-konzul-1-1024x703.jpg)
На средбата се разговараше за потенцијалот што го има Крушево особено од аспект на туризмот. Градоначалникот Христоски информира дека општината работи на многу проекти и аплицира на ИПА фондовите кои се однесуваат на програми меѓу нашата држава и Грција.
![](https://krusevo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/dsc_2723-1024x682.jpg)
„Почитуваниот Конзул дава поддршка за нашата работка и во иднина ќе ја продлабочиме соработката на културен и едукативен план, а особено во делот при аплицирање кон ИПА фондовите. Крушево има многу пријатели и тоа е дополнителен поттик да продолжиме со работа“, изјави градоначалникот на општина Крушево.
![](https://krusevo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/grcki-konzul-1024x747.jpg)