Утре ден без автомобили
Ученичката заедница при СОУ „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на општина Крушево утре, 22.09.2020г., организира активност за одбележување на ден без автомобили.
Преку социјалните мрежи ученичката заедница ги повикува сите граѓани да се приклучат за утрешната активност со тоа што нема да ги користат автомобилите доколку немаат итна потреба.
„Почитувани граѓани на Општина Крушево,
Ве известуваме дека ученичката заедница при „ СОУ Наум Наумовски – Борче “ Крушево, на ден 22.09.2020 (утре), организира активност по повод светскиот ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ и Ве повикува да се приклучите и да дадете свој придонес, со тоа што не би ги користеле Вашите автомобили, доколку не Ви е неопходно или не Ви претставува потреба.
Однапред Ви се заблагодаруваме за Вашата поддршка и придонес и исто така упатуваме голема благодарност до Градоначалникот на Општина Крушево и до останатите институции кои веќе ни ја дадоа нивната поддршка.
И ние ќе бидеме тука, од 08:00 часот, ќе Ве чекаме на главната улица со цел да ја поттикнеме нашата заедничка еколошка свест, за почисто Крушево!“, стои во објавата на страницата на „Фејсбук“ на крушевското средно училиште.