ЈАВЕН УВИД ВО ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ТУРИЗАМ
Почитувани,
Општина Крушево во соработка со Министерство за економија изработува локална стратегија за туризам. Нацрт текстот е подготвен врз основа на стратешките документи на општината, тековните проекти и потенцијалите во туризмот. За стратегијата да биде целосна неопходно е да го чуеме мислењето на угостителскиот сектор и сите граѓани. Затоа ве повикуваме најдоцна до 02.09.2020 да ги доставите вашите предлози на електронската пошта на општина Крушево – Opstinakrusevo@krusevo.gov.mk.