Повик за категоризација на сместувачки капацитети за користење на ваучер
Општина Крушево ги повикува сопствениците на сместувачки капацитети да се категоризираат и прекатегоризираат доколку категоризацијата е истечена за да можат да користат ваучери кои ќе ги доделува Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за економија.
Сите сместувачки капацитети во Крушево можат да бидат корисници на ваучери и оваа мерка е дел од политиките на владата за помош на угостителскиот сектор и справување со последиците од кризата со коронавирусот.
„Имајќи го предвид фактот дека токму туризмот е една од најпогодените гранки од корона кризата, убедени сме дека домашниот туризам останува најголемата надеж за поддршка на оваа индустрија. Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата. Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои како што кажав немаат месечни приходи поголеми од 15.000 денари, односно според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши при промоцијата на оваа мерка.
Барањата за категоризација и прекатегоризација можете да ги погледнете во документите подолу и во делот Документи од јавен карактер на општинската интернет страница.