Општината објавува тендер за изработка на проект за изградба на пат до манастирот св. Спас

Општина Крушево објавува тендер за изработка на техничка документација за изградба на пат од Крушево до манастирот Св. Спас и црквата св. Василие.

Градоначалникот на општина Крушево Томе христоски изрази задоволство што овој тендер се објавува на денот на христијанскиот празник Св. Спас.

„Драго ми е што токму денес го објавуваме овој тендер, на денот кога се добележува празникот св. Спас уште еден празник кој е дел од богатата традиција на крушевчани. Сакаме да изработиме проект за овој дел и со тоа да го трасираме патот за изградба на пристапен пат до двата манастири“, изјави градоначалникот Христоски.

Огласот за јавна набавка погледнете го на линкот подолу.

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/bd37271b-d8d4-469d-beee-ac1ae76d14d6/13