Честит 23 мај, денот на Власите
Почитувани,
Власите се дел од народите основачи на Крушево и ја претставуваат суштината на меѓунационалното живеење. Го одбележуваме 23-ти мај – Денот на Власите со пораки за меѓуетничка соработка, толеранција и заеднички труд за развој на Крушево.
Влашкиот е еден од трите службени јазици на општина Крушево, а културата и традицијата на овој народ секоја година ги одбележуваме и негуваме преку многу настани, образованието и секојдневниот живот.
Република Северна Македонија е мултиетничка држава и со меѓусебна соработка можеме да забележиме уште поголеми успеси за сите нас. Нека остане Крушево пример кога се работи за соживот меѓу повеќе различни етнички заедници, меѓу кои и Власите.
Нека е честит денот на Власите!
Ti multsā anj Dzua Natsionalā a Armānjlor.
Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.