Градоначалникот донира од платата за справување со коронавирусот
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски разликата во платата до минималната од 14 500 денари ја донира во Фондот за справување со Ковид-19.
Градоначалникот веднаш по одлуката на Уставниот суд со која не се овозможи намалување на платите на функционерите порача дека својот дел од платата ќе го донира за справување со пандемијата.
„ Функцијата носи и морална одговорност.
Патриотски е во вистинско време да си помогнеме кога е најтешко. Во овој кризен период имаме морална обврска да бидеме солидарни и хумани. Затоа, мојата плата во оваа состојба со Ковид-19 вирусот ќе изнесува 14.500 денари. Разликата, без разлика на одлуката на Уставниот суд, ја донирам за помош во фондот за борба против невидливиот непријател.
Да останеме посветени до крај во борбата против коронавирусот. Мерките се уште се на сила. Почитувајте ги!“, напиша градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.