Партерно уредување на спортската сала
Преку проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ општина Крушево ќе изврши партерно уредување на спортската сала.
Спортската сала целосно се реконструираше во внатрешниот дел, се постави карпа за искачување и набави опрема за сите спортови, а следна фаза е инсталација на систем за греење и ладење.
Овој проект е во рамки на проектот „Локална и регионална конкурентност“, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на Вицепремиерот за економнски прашања во Владата на Република Северна Македонија, Канцеларијата на Проектот и општина Крушево.
Во рамки на овој проект се одржаа еден меѓународен куп во параглајдинг и велосипедска трка, се набавија минибус и АТВ возило, општината посети 2 саеми за туризам, изработи видео за промоција на Крушево, а во тек е изработка на интернет страница и веб апликација.