Одбележување на Велигден и препораки за почитување на мерките

Почитувани,

Одлучивме да ја прифатиме иницијативата на многу граѓани на општина Крушево и овој Велигден да не помине неодбележан. Овој празник кој е симбол на нашата традиција ги повикувам граѓаните да го одбележиме во сабота пред полноќ и со запалени свеќи да излеземе на нашите тераси.

Во црквите Св. Никола и Св. Богородица ќе биде поставено озвучување и ќе се обидеме гласот до допре до секој дом. А, ние од нашите домови да го одбележиме Велигден додека, истовремено, ги почитуваме мерките и препораките за справување со коронавирусот.

Ги повикувам граѓаните сите заеднички на еден поинаков начин да го одбележиме Велигден и со тоа да ја испочитуваме нашата традиција.

Граѓаните можат да купат свеќи од црквите Св. Никола и Св. Богородица.

Овој апел е во насока на почитување на полицискиот час кој ќе трае во текот на викендот и поттикнување на заедничко одбележување на овој празник, односно почитување на личните убедувања и верувања во време кога не смееме да излегуваме од дома.

Со почит,
градоначалник на општина Крушево
Томе Христоски