Голема донација од Витаминка
Компанијата Витаминка на општина Крушево донираше неопходни намирници од кои ќе се подготват 150 пакети за семејства во социјален ризик, лица со посебни потреби и стари и изнемоштени лица.
„Сакам да се заблагодарам за оваа голема донација од Витаминка затоа што истата ќе ја користат оние кои се најзагрозени во овие моменти. Уште еднаш компанијата покажа дека е општествено одговорна и покажа зошто е една од најуспешните македонски компании.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски по приемот на донацијата.
Досега се реализираа неколку донации за општина Крушево, претежно во заштитна опрема.