Соопштение за плаќање на сметки и пријавување на комунални проблеми
Почитувани,
Јавното комунално претпријатие „Комуна“ Крушево во насока на почитување на мерките за спречување на ширење на корона вирусот ги дава следните препораки:
- При плаќањето на сметките за вода и комуналии во просториите на ЈКП „Комуна“ да се држи растојание меѓу граѓаните од најмалку два метра,
- За да се избегнат гужви сметките можат да се плаќаат и во банка,
- Доколку е возможно сметките да се плаќаат „онлајн“ преку „е-банкарство“
За проблеми поврзани со правната служба, сметководство и наплата, водовод и канализација,чистота и погребални услуги граѓаните да пријавуваат на следните телефонски броеви:
078 821 289 – Станка Ефремова Трајкоска, раководител на правна служба
078 834 268 – Антула Станковска, раководител на сметководство и наплата
За проблеми поврзани со водовод, канализација, чистота и друго граѓаните да пријавуваат на следните телефонски броеви:
070 259 548 – Перо Николоски одоговорен за водовод и канализација
070 340 964 – Даница Кондоска одговорна за чистота.
070 340 974 – Благоја Талески, магационер, одговорен запогребални услуги
ЈКП „Комуна“ Крушево апелира да се почитуваат мерките на Владата, вклучително и препораките од претпријатието заради здравјето на сите.
Со почит, Наум Илиески
Директор на ЈП Комуна
Тел.број 070 355 863