Објавен тендер за изградба на објект на полетувалиштето на Мечкин Камен
Општина Крушево го објавува огласот за јавна набавка за изградба на инфраструктура во центарот за параглајдинг Мечкин Камен.
Овој тендер се однесува на изградба на објект на самото полетувалиште за параглајдинг кој ќе служи на организаторите и учесниците на меѓународните параглајдинг натпревари.
За оваа намена општина Крушево обезбеди 4 милиони денари од Владата на Република Северна Македонија.
Огласот погледнете го на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/e6e5b0ad-5782-4011-874f-8dfcede0f5a9/14
Претходно, Центарот за развој на Пелагонискиот регион го објави тендерот за набавка и поставување на вештачка трева која ќе биде двојно поголема од сегашната поставена на Мечкин Камен.