Во Крушево нема заразени од Ковид 19, 20 граѓани во домашна изолација
До 24.03.2020г. на територија на општина Крушево нема заразени од Ковид 19, а има дваесет (20) граѓани во домашна изолација.
„До овој момент на територија на општина Крушево нема потврдени случаи на Ковид-19, а имаме 20 граѓани во изолација. Таа бројка, како што знаете, е променлива, но важно е да останеме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме, да ги почитуваме препораките кои секојдневно се засилуваат и заеднички да ја пребродиме оваа криза“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Досега општина Крушево презеде низа мерки за спречување на ширење на корона вирусот:
- Општина Крушево свика Штаб за заштита и спасување на кој донесе 14 заклучоци кои содржат препораки и задолженија,
- Општината го скрати работното време, но воспостави телефонски броеви кои 24 часа се достапни на граѓаните за итни потреби,
- Во соработка со ОО Црвен Крст Крушево се формираат тимови од волонтери за достава на храна, вода, средства за хигиена и др. на стари и изнемоштени лица
- Градскиот пазар е затворен,
- Се дезинфицираше во општината, училиштата, градинката и неколку други институции,
- Локалната самоуправа ги снабдува институциите под нејзина надлежност со маски, ракавици и средства за дезинфекција,
- Неколкукратно се чистеа и дезинфицираа улиците во градот,
- Учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ воспоставија „онлајн“ платформа за учење, а ООУ „Никола Карев““ користи и други алтернативни методи на настава.