Нова вештачка трева на полетувалиштето на Мечкин Камен
Општина Крушево ќе постави двојно поголема вештачка трева во споредба со постоечката на полетувалиштето на Мечкин Камен. Со оваа активност ќе се замени старата трева поставена во 2018 година и ќе се подобрат условите за параглајдинг, полетувалиштето ќе се оспособи за одржување на поголеми првенства, подигнат квалитет и безбедност на полетувалиштето и преку оваа активност ќе се реализираат дел од барањата на учесниците на Светски и Европски првенства
Проектот чини речиси 4 милиони денари и истите се доделени преку програмата за финансирање на проекти за развој на планските региони, потпрограма ОА Рамномерен регионален развој, во 2020 година со одлука на Влада на Република Северна Македонија од 10-ти февруари
На овој проект општина Крушево аплицираше заедно со општина Могила за целосниот проект да чини 8 396 467 ден.
Покрај овој проект, локалната самоуправа обезбеди и 4 милиони денари за изградба на објект на полетувалиштето.
Во 2021 година Крушево го очекува организирање на Светско првенство во змајарство, а во 2019-та беше домаќин на Светското првенство во параглајдинг.