Проекти од областа на инфраструктурата за 2015г.
За 2015г. општина Крушево обезбеди финансиски средства за повеќе проекти од областа на инфраструктурата кои ќе придонесат за подобрување на патнaтa мрежa во општината:
• ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА ПРЕОСТАНАТАТА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ КРИВОГАШТАНИ – БУЧИН ВО ДОЛЖИНА ОД 1,9 km
Изведувач: „Гранит“ Скопје
Краен рок за изведба: август 2015г.
Извор на финансирање: Светска Банка
Вредност: 11,5 милиони денари
• ЌЕ СЕ РЕХАБИЛИТИРА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КРУШЕВО-ДЕМИР ХИСАР
Извор на финансирање: Јавно претпријатие за државни патишта
Вредност: 7 милиони денари
• ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО КРУШЕВО
Извор на финансирање: Министерство за транспорт и врски
Вредност: 4 милиони денари
• ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА, РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА ПАТНАТА МРЕЖА