Важно известување за подмирување на долговите за фирмарина, пред-простор и данок на имот
Почитувани граѓани,
Општина Крушево е толерантна кога се работи за подмирување на давачките кон општината. Истовремено, локалната самоуправа преку голем број на активности и проекти возвраќа на сите граѓани, односно ги користи средствата уплатени по различни основи во корист на сите граѓани.
И покрај тоа, голем дел од давачките се избегнуваат или доцнат со плаќање. За таа цел општина Крушево дава рок до понеделник, 02.12.2019, давачките како фирмарина, пред-простор, данок на имот и слично да се уплатат. Во спротивно ќе пристапи кон присилна наплата.
Сите заедно да продолжиме да ја градиме општината, а плаќањето на давачките го овозможуваат.
Со почит,
Томе Христоски
Градоначалник на општина Крушево