Утре работилница на тема „Дестинациски менаџмент“
На 21 и 22.10.2019 година со почеток во 11 часот во хотел Монтана палас Општина Крушево ќе ја одржи завршната, односно трета работилница, во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементиран од Канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања, Канцеларијата на проектот и општина Крушево.
Последната работилница е на тема „Дестинациски менаџмент“, а досега се организираа две работилници со претставници од угостителскиот сектор во Крушево, туристичи агенции, претставници од институции, граѓани и други.