Во тек е обележување на велосипедски патеки, изработка на веб сајт, апликација и промотивно видео за Крушево
Преку проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ (ЕУ, програма ИПА 2) во тек се постапки за обележување на патеки за планински велосипедизам во должина од 40 километри и изработка на веб сајт, апликација и промотивно видео за Крушево.
Преку овие активности општината ги подобрува условите за развој на туризмот во Крушево, ја подобрува туристичката промоција на градот и креира повеќе алатки преку кои ќе се таргетираат потенцијалните посетители на Крушево.
„Во напредна фаза е имплементацијата на проектот преку Светска Банка и во моментов, меѓу другото, работиме на обележување на патеки за планински велосипедизам во должина од 40 километри и изработка на неколку промотивни и информативни алатки: веб страница, „Андроид“ и „Ајфон“ апликации и промотивно видео со кое ќе се опфатат туристичките атракции, историјата, културата и традицијата на Крушево.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Градоначалникот Христоски порачува дека престојат уште многу активности дел од овој проект за кои граѓаните ќе бидат благовремено известени.