Прв ден „Илинден 2019“, одиграни 3 натпревари

Вчера, понеделник, 15.07.2019, започна турнирот во мал фудбал „Илинден 2019“ на кој се одиграа првите три натпревари, а на свеченото отворање свои обраќања има комесарот на натпреварот Кире Аврамоски и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Комесарот на натпреварот се осврна на генералните правила при одигрувањето на натпреварите и на бројот на учесници и поддржувачите на настанот. Градоначалникот Томе Христоски порача дека овој турнир повторно ќе стане традиција со тенденција да прерасне во регионален и национален натпревар.

„Го отвораме турнирот во мал фудбал „Илинден 2019“ кој по неколку години повторно се одржува во Крушево и сакаме да стане традиција и прерасне во поголем регионален, па и национален натпревар. Настанот организиран од општина Крушево е поддржан и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а дел од турнирот се повеќе од 100 учесници со 12 екипи.“, рече градоначалникот на општина Крушево.

Трите натпревари завршија со следните резултати:

МЕСАРА ПЈАЦА – ТЕУТА 7:3

ПИТУ ГУЛИ ИМПРЕСО – БУЧИН 1:2

ФК ПРЕСИЛ – ТАГАС БАЛКАН 8:2

Денес, вторник 16.06.2019, на распоред се следните натпревари:

16.07.2019 (Вторник) 19:00 часот

ТАГАС БАЛКАН – ФК ЦРНИЛИШТЕ

20:00 часот ФК ЦРНИЛИШТЕ – ШВЕРЦЕРИ

21:00 часот БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ФК АЛДАНЦИ

Please follow and like us:
Share