На 8 и 9 јули работилница на тема „Ресурси и потенцијали на Крушево за активен туризам“

На 8-ми и 9-ти јули во хотел Монтана Палас во Крушево ќе се одржи обука на тема „Ресурси и потенцијали на Крушево за активен туризам“.

Обуката е прва од вкупно три кои се организираат во рамки на потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ имплементиран од Кабинетот на Заменик претседателот на владата за економски прашање, Единицата на проектот „Проект за локална и регионална конкурентност“ и општина Крушево.

Целта на обуката е да се трасира одржлив развој и дефинирање на правците за развој на Крушево како туристичка дестинација.

Подолу можете да ја погледнете агендата за настанот.