Доделени наградите за Пролетниот параглајдинг куп, општината продолжува со имплементација на Проектот

Во саботата (01.06.2019) во градскиот парк во Крушево се одржа прогласувањето на најдобрите и со тоа официјално заврши Пролетниот параглајдинг куп 2019.

Наградите се доделуваа во три категории: мажи, жени и севкупни победници. Општина Крушево за најдобрите додели награди во две од трите категории и тоа: напреден инструмент за летање, Вариометар со ГПС уред и резервен падобран.

Пролетен меѓународен параглајдинг куп Крушево 2019 година е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од Европска Унија, имплементиран од Кабинетот на заменик министерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија и општина Крушево, а Светска Банка се јавува како администратор на проектот.