„Не игнорирај! Реагирај!“ конкурс за најдобар медиумски производ за сите средношколци

Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ објавува конкурс за сите средношколци од средните училишта во Северна Македонија за најдобар медиумски производ од областа на јавната хигиена, зачувување на животната средина.

Средношколците од 1-ва до 4-та година може да се пријават со фото приказна или видео на погоре наведената тема до 5-ти мај, а за најдобрите се обезбедени привлечни награди.

Прочитајте повеќе за конкурсот на линкот: http://www.medium.edu.mk/srednoskolski-medium/izrazi-se-preku-mediumite/izrazi-se-preku-mediumite-2019?fbclid=IwAR2D3SCOfj7QexDPj57lJXykPW2iteVP36pB0iC7jz_jwzWrtufWHdChk2E