Маскенбал во Крушево, доделени награди за најоригиналните маски

Денеска (01.04.2019) на градскиот плоштад се одржа традиционалниот прво априлски маскенбал во организација на ООУ „Никола Карев“ Крушево и СОУ „Наум Наумовски Борче“, а со поддршка од општина Крушево, хотел Панорама, Ресторан Шапе, Крушевска Одаја, хотел Монтана палас, Snow Kitchen & Bar, пицерија Скар, ресторан Под липите, Импресо, Олд Скул, клуб Планет и други.

Дел од маскенбалот беа учениците од основното и средното училиште во повеќе категории и за секоја категорија беа доделени први награди за групни и индивидуални маски.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на маскенбалот и додели една награда.

„И покрај состојбата со пожарите околу Крушево се чувствував обврзан да присуствувам на маскенбалот и да ја видам креативноста и оригиналноста на децата и младите. Верувам дека на сите присутни младите со своите маски им го разубавија денот“, изјави Христоски.

Подолу можете да погледнете фотографии од настанот.