Пробиен и прооден патот до манастирот Св. Преображение

Претпладнево, (06.01.2019), службите на јавното претпријатие „Комуна“ работеа на патот кој води до манастирот Св. Преображение и истиот е оспособен за движење на возила.

По завршувањето на активностите градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку својот Фејсбук профил порача дека патот е оспособен за движење на возила.

Овој локалитет е важен затоа што претставува место кое го посетуваат многу туристи заради Тоше Проески и неговото често доаѓање тука.