Почетна » Вести » Театарска претстава „ЗОО приказна“ во среда

Театарска претстава „ЗОО приказна“ во среда

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

зоо приказна театарска претставаВо среда (10.10.2018) во 19 часот во ОУ „Никола Карев“ Крушево ќе се одржи театарската претставата „ЗОО приказна“ по Едвард Олби, а во изведба на Здравко Стојмиров.

Премиерата на „ЗОО приказна“ се одржа во Бугарија во мај 2017 година, а е дел од програмата „Нов културен бран“.

Актерот Здравко Стојмиров дипломира на „Неофит Рилски“ во Благоевград, Бугарија, и се занимава со театарски претстави, кратки филмови и ТВ серии.

Истиот ден во 12 часот на градскиот плоштад ќе настапат две играорни групи од кои една од Хрватска.

 

Share