Се чисти резервоарот во Пресил и се работи на проекти за канализации и патишта

Екипи на ЈП „Комуна“ и дел од вработените во одделението за урбанизам при локалната самоуправа работат на чистење на резервоарот за питка вода во село Пресил, Општина Крушево.

Исто така, во моментов проектанти од една проектантска куќа работат на изработка на техничка документација за изградба на канализациони мрежи и изградба/реконструкција на патишта во селата Алданци, Норово, Саждево, Јакреново и Борино.

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, кој заедно со директорот на ЈП „Комуна“ денес беа на увид во работата во Пресил, преку Фејсбук порача дека паралелно со градот ќе се развиваат и населените места.

„Крушево ќе се гради заедно со населените места. Работиме во интерес на граѓаните. Зборот е збор!“, порача Градоначалникот Христоски.