Продолжува пренесувањето во живо на седниците на советот, се подобрува транспарентноста

Денешната 13-та седница на советот е прва во новиот состав на советот која се пренесува во живо. На овој начин се унапредува транспрентноста и видливоста на работата на советот на општина Крушево, а преку оваа алатка општина Крушево очекува зголемување на довербата на граѓаните во советниците.

„Советот започнува да работи уште поотворено. Покрај досегашните подобрувања во видливоста на работата на советот преку двонасочна комуникација со граѓаните, од денес продолжува пренесувањето на седниците во живо.“, вели претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски.

Опремувањето на сала за советот на општина Крушево со опрема за пренесување во живо на седниците е дел од имплементацијата на иновативна алатка во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Линк до видео од 13-тата седница.