ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАПНОСТ НА ДОКУМЕНТ – Реконструкција на општински пат – врска со Р1306 – село Врбовец – село Св.Митрани, Општина Крушево и Општина Кривогаштани
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Крушево аплицираше со проект за “ Реконструкција на општински пат – врска со Р1306 – село Врбовец – село Св.Митрани, Општина Крушево и Општина Кривогаштани”.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на
Општина Крушево https://krusevo.gov.mk/mk на 09.12.2021 и
Општина Кривогаштани Кривогаштани – Единица на локална самоуправа (krivogastani.com) на 09.12.2021.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Министерството за транспорт и врски
Единица за Имплементација на Проектот
Во прилог останати документи за потребите на проектот