МТП тенискиот клуб на подготовки во Крушево, промотивен час и за најмладите од градот

МТП тенискиот клуб и оваа година ќе одржува спортски подготовки во Крушево. Подготовките ќе започнат од 24-ти август и ќе се одвиваат во следните термини:

24.8     17-20 h
25.8     8-12 h     17-20h
26.8     8-12 h     17-20 h
27.8     8-12 h     17-20h
28.8     8-12 h    

И годинава како и претходните ќе се одржи промотивен час за најмладите од Крушево. Истиот ќе се одржи на 26-ти август од 16 часот. 

Апелираме до младите и сите корисници на тениските игралишта на „Гумење“ во погоренаведените термини да ги отстапат терените за одржување на подготовките.