Проекти за реконструкција и изградба на улици во Саждево и Јакреново

Денес, 08.05.2020г., градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на официјалното примопредавање на проекти за изградба на локални улици во населените места Саждево и Јакреново, кои се финансирани преку проектот за подобрување на општинските услуги на Министерство за финансии, преку МСИП, Проектна единица за подготовка на техничка документација.

Изработените проекти ќе овозможат општината да аплицира на странски и домашни фондови и истите да бидат целосно имплементирани во Саждево и Јакреново.

„Продолжуваме со работа и во градот и во населените места. Овие проекти се од голема важност затоа што со нив сме подготвени за аплицирање и за финансирање на реконструкција и изградба на локални патишта. Населените места добиваат поинаков лик.“, изјави градоначалникот Христоски.

Покрај ова на територија на општина Крушево во тек се неколку проекти:

  1. Изградба на пат до Крушевско Езеро,
  2. Реконструкција на дел од улицата Тодор Проески,
  3. Реконструкција на патот Крушево – с. Пуста Река,
  4. Изградба на фекална канализација прва фаза во с. Норово,
  5. Изградба на резервоар за вода во с. Белушино.