Дезинфекција во фабриките Секе и Фалко

Општина Крушево изврши санација во компаниите СЕКЕ и Фалко и со тоа продолжи да ги спроведува мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Во текот на вчерашниот ден беше извршена дезинфекција на фабриката Секе, а претходно и втора фаза од дезинфекција во конфекцијата Фалко.

„Продолжуваме со спроведување на мерките во насока на спречување на ширењето на вирусот и затоа мора да обезбедиме чисти и целосно дезинфицирани работни простории за вработените во Секе и Фалко. Денес спроведуваме и акција за чистење во целиот град Крушево.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.