Општина Крушево набавува средства за дезинфекција и заштитна опрема

По дезинфекцијата во населените места и во град Крушево, обезбедувањето маски и ракавици за локалните бизниси, општина Крушево веќе набавува и други средства за дезинфекција, заштитни маски, ракавици, скафандери и друго.

Набавката во износ од над 52 000 денари и истата вклучува 300 маски, 1 000 ракавици, 200 заштитни скафандери, 100 заштитни наочари, 500 парчиња заштита за нозе и стапала е во тек. Покрај ова градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски од лични средства набавува дополнителни опрема и средства со цел преземање позасилени мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.

Мал дел од набавката веќе е набавена, а дополнително се очекува целосна реализација.

Денес се реализира уште една набавка од 400 маски, а првите заштитни скафандери веќе пристигаат.