Се асфалтира патот од Бучин до Воѓани (општина Кривогаштани)

Се асфалтира патот меѓу населените места Бучин и Воѓани (општина Кривогаштани), а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски беше на увид во текот на работите заедно со градоначалникот на Кривогаштани Рубинчо Шефтероски.

Овој проект се реализирал во меѓусебна соработка на општините Крушево и Кривогаштани и Јавното претпријатите за државни патишта.