Прв ден од работилницата „Дестинациски менаџмент“

Денес (21.10.2019) во хотел Монтана Палас во Крушево општина Крушево го спроведе првиот ден од завршната работилница во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на Проектот, Канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.

Завршната работилницира е насловена „Дестинациски менаџмент“, а присутните засегнати страни од угостителскиот сектор во Крушево, здруженија кои работат во областа на туризмот, претставници од неколку туристички агенции и други ги поставија основите на првата организација за менаџмент на дестинација (ДМО) чија цел ќе биде како правно лице угостителскиот сектор да креира заедничка туристичка понуда на Крушево и заеднички да настапува на пазарот.

Работилницата продолжува и утре (22.10.2019), а трите работилници ги водеа професорите од Факултетот за туризам во Охрид Проф. Науме Мариноски и Проф Иванка Несторовска.