Завршени инфраструктурните зафати во викенд зоната „Вршник“
Завршија инфраструктурните зафати во викенд зоната „Вршник“.
Изградени се атмосферска и фекална канализација, се изврши асфалтирање на улиците и поплочување нa тротоарите. Поставена е водоводна мрежа низ населбата, поставена е и поврзана електрична инсталација и пречестителна станица.
Со ова се овозможува од наредната градежна сезона да се отпочне со изградба на 20-те викенд куќи чии парцели се веќе продадени.
Останати се уште две парцели за викенд куќи и една парцела за мал комерцијален објект.