Санација на пристапен пат до земјоделски површини во село Пресил
Крушево е едно големо градилиште.
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски потпиша договор за јавна набавка на работи за санација на пристапен пат до земјоделските површини м.в. ,,Муковица” во село Пресил. Овие активности се реализираат со финансиски средства од буџетот на Општина Крушево, со цел да ја олесниме работата на жителите на овие населени места и да отвориме простор за поголем развој во овие средини во иднина.
Отпочнатите градежни активности во градот напредуваат согласно предвидената динамика, така треба да биде и во иднина. Како Градоначалник на Општина Крушево и во соработка со централната власт ќе продолжиме да придонесуваме и да создаваме современи услови за развој на селата и руралните подрачја, се со цел да им го олесниме и подобриме животот на граѓаните во руралните средини.
Постепено, чекор по чекор, продолжуваме да ги слушаме и да постапуваме по вашите барања и потреби како жители на општината, без разлика за кое населено место се работи.