Нови 100 корпи за отпад од Пакомак

Општина Крушево добива нова донација од 100 корпи за отпад од Пакомак, а досега во областа на јавната хигиена се набави камион за собирање отпад, трактор со плуг за снег, два ровокопачи и во тек е набавка на нови контејнери, а локалната самоуправа реализира неколку големи акции за чистење на отпад.

„Во областа на хигиената треба да работиме се’ уште, но важно е што набавуваме опрема, спроведуваме активности за подигање на свеста и ги подобруваме услугите кон граѓаните. Добиваме нови 100 корпи од Пакомак и со тоа сега имаме вкупна донација од 320 корпи“ изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Директорот на комуналното претпријатие Наум Илиески преку социјалните мрежи се заблагодари на новата донација на Пакомак.