Во тек се тендерски постапки во вкупна вредност од пола милион евра

Во општина Крушево во тек се неколку тендерски постапки кои до крајот на летото ќе резултираат со сериозни инфраструктурни зафати на терен.

Се работи за проекти кои доминантно ја опфаќаат патната инфраструктура во населените места во општина Крушево, градот и дел кој ги поврзува општините Крушево и Долнени.

Станува збор за следниве тендерски постапки:

✔ Изградба на пат до Крушевско езеро,

✔ Асфалтирање на пат во с. Јакреново

✔ Реконструкција на патот Борино – Житоше

✔ Изработка на урбанистички планови за селата

Вкупна вредност: 544 илјади евра

Тендерските постапки можат да се погледнат на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.