Општина Крушево набави мини бус преку проектот на Светска Банка за развој на авантуристички туризам во Крушево

Во рамки на Проектот локална и регионална конкурентност, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, програма ИПА 2 на ЕУ, општина Крушево, во соработка со Светска Банка и канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, набави мини бус за превоз на нстпреварувачите на меѓународните натпревари во параглајдинг кои секоја година се одржуваат во Крушево.

Во саботата возилото марка Фиат Дукато мини бус 2.3 пристигна во Крушево, а градоначалникот на општина Крушево при приемот на истото порача дека продолжува имплементацијата на проектот преку Светска банка и општината активно работи на развој на туризмот.

„Реконструкцијата на спортската сала е во тек, посетивме два меѓународни саеми и изработуваме поромотивни материјали за Крушево како дестинација, а еве пристигна и возилото за превоз на параглајдеристите и змајарите. Продолжува имплементирањето на проектот преку Светска Банка и општина Крушево реализира активности и проекти за поттикнување на посетеноста во Крушево.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.

Во рамките на овој проект во тек е реконструкцијата на спортската сала во Крушево и проширување на нејзината намена.

Подолу можете да погледнете фотографии од мини бусот и од работата во спортската сала.