Се активира уште една превозна линија кон Скопје

Компанијата „Мак Травел Прилеп“ испрати известување до општина Крушево дека од 17-ти март 2019 години ја активира превозната линија Крушево-Скопје-Крушево и секојдневно ќе сообраќа на оваа релација во 05:30ч. од Крушево и во 16:45 од Скопје. Во недела поаѓањето од Крушево ќе биде во 15:00ч.

Претходно, сопствениците на „Ѓоко Транс“ објавија дека се реактивира превозната линија кон Битола во два термини дневно:

Крушево – Битола: 07:20 ч. и 14:40 ч.
Битола – Крушево: 12:20 ч. и 16:30 ч.