Тркалезна маса во Крушево: „Буџети и јавни набавки: Вклученост на локалните засегнати страни во нивно креирање и мониторинг”

Finance thinkГрадоначалникот на општина Крушево како главен говорник ќе учествува на тркалезната маса „Буџети и јавни набавки: Вклученост на локалните засегнати страни во нивно креирање и мониторинг” во организација на Finance Think, која ќе се одржи денес(18.05.2018) во хотел Монтана Палас со почеток во 12 часот.

Покрај градоначалникот на општина Крушево учество како говорници ќе земат и градоначалникот на општина Прилеп Илија Јовановски, градоначалникот на општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски и Гоце Туманоски, експерт по јавни набавки.

Тркалезната маса ќе ја отвори Благица Петреска, извршен директор на Finance Think.

Повеќе информации за настанот на следниот линк.