Меѓународен фестивал на уметноста ,,Утрина звезда,, во Банско, Р.Бугарија

На меѓународниот фестивал на уметноста ,,Утрина звезда,, кој се одржа во Банско, Р. Бугарија, Драмската група при СОУ ,,Наум Наумовски Борче,, Крушево учествуваше со театарската претстава ,,Лесни пари,, по текст на Реј Куни, а во драматизација и режија на Никола Јованоски. На овој фестивал во конкуренција од 8 театарски претстави ,,Лесни пари,, го освоија високото 2 место.

Користејќи ја приликата целата група придружувана од Градоначалникот на Општина Крушево, положи свежо цвеќе на гробот на војводата Јане Сандански кај Рожденскиот манастир.